УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ И ДРУГИТЕ ГРАДОВИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА
Во периодот од 24.03.2010 до 09.04.2010 се реализираше третата фаза од проектот за промовирање на Универзитеот за туризам и менаџмент во Скопје. Со интензивна динамика на активности тимовите кои го промовираа Универзитетот со мултимедијална презентација ги посетија сите средни училишта во Скопје и средни те училишта во градовите во Републиката. Во оваа фаза беа опфатени 54 средни училишта и 6089 матуранти. Истовремено покрај промотивниот матерјал и следење на презентацијата, матурантите имаа можност да се пријават за учество на квизот ,, Колумбо,, со што најдобрите ќе ја имаат привилегијата за бесплатно студирање и добивање на други вредни награди.
|