Учество и промоција на УТМС на "Саем за образование и кариера"


     Во организација на Скопски саем и Министерството за образование и наука од 14.04.2010 до 16.04.2010 година на Скопски саем се одржа манифестацијата  "Саем на образование и кариера". Промотивниот дизај на нашиот Универзитет беше уникатен, оригинален и во духот на македонската традиција. На штандот беше поставена традиционална македонска куќа која е метафора на афирмирањето на традиционалните македонски  вредности и најновите образовни трендови по кои е препознатлив и единствен нашиот Универзитет. Во саемското промовирање беа вклучени вработените и студентите кои покажаа и докажаа дека кохерентноста и кооперативноста носат успеси. На првиот саемски ден ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и претседателот на Управниот одбор на Скопски саем- ЕРА СИТИ, потпишаа Меморандум за соработка во делот на обезбедување на практикуми за студентите од сите факултети.

     Во текот на деновите на образование и кариера нашиот штанд беше посетен од видни личности, Министерот за образование и наука, Претседателот на Р. Македонија, Претседателот на Управниот одбор на Скопски Саем, ректори и професори од другите универзитети. Во текот на посетата имаа можност да разговараат и да разменат идеи со цел градење на стратегии за интензивирање на процесот за приближување на образовниот систем во Македонија кон европските образовни стандарди. Истовремено матурантите имаа можност за пополнување на апликација за упис со одреден попуст. Показател за успешно реализираната идеја беа 120 пополнети апликации за упис од страна на матурантите. Активностите на штандот беа проследени со присуство на КУД "Кочо Рацин" , виртуозниот гастроном од ресторанот "Тоскана" актуелниот претставник за Евровизија од Р. Македонија, Ѓоко Таневски, Дани и Елвир кои се студенти на нашиот Универзитет.

 

Заштитен пристап
Корисничко име
Лозинка
Заборавена лозинка
Нов корисник
 
Newsletter
E-Mail

New Page 1
Sveuciliste u Rijeci Fakultet za menazment u turizmu i ugostiteljstvu Opatija - HrvatskaCentral Michigan universitySouth-West University 'Neofit Rilski' Established 1975Univerzitet u Novom Sadu Prirodno - Matematicki fakultetSingidunum universityHotel association of MacedoniaThe College of Tourism BelgradeDepartman za geografiju, turizam i hotelijerstvoAkademija klasicnog slikarstvaUniverzitet Crne GoreNational Sports Academy (NSA) "Vassil Levski"