Промовирање на Универзитетот на настанот на Олимпија Моторс и НЕС КАФЕ
На 24.04 2010 на Плоштадот во Струмица Олимпиа Моторс во партнерство со Нес кафе организираше настан на кој се презентираше тест возење на новиот модел на Опел Астра. Тест возењето го реализираше евровизискиот претставникот на Р. Македонија, Ѓоко Таневски, кој воедно е студент на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. На овој настан Универзитетот учествуваше со свои претставници кои на посетителите им ги презентираа студиските програми и методологијата на студирање како и можноста да аплицираат за упис.

|