"Запознај го Скопје, за да го засакаш повеќе"

Во периодот од 16 февруари до 5 март 2010 година се реализира првата фаза од проектот за промовирање на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје под мотото ,, Запознај го Скопје ... за да го засакаш повеќе,,. Целна група беа матурантите од средните училишта во Скопје кои за првпат имаа можност да бидат активно вклучени во посетата на Универзитетот, да имаат непосредна средба и разговори со ректорот, проф. д-р Аце Миленковски, деканите на факултетите,професорите, асистентите и другите вработени. При тоа во амфитеатарот им беше презентирана методологијата на студирање по Европскиот кредит трансфер систем која целосно е имплементирана и мултимедијалниот проект за традиционалните вредности на Скопје што претставуваше виртуелна посета на истите. По посетата на Универзитетот под водство на дипломирани туризмолози, матурантите имаа панорамски разглед на градот и посета на културно-историски знаменитости. Во оваа фаза беа опфатени по 50 матуранти од 21 средно училиште во Скопје.

 |