Меѓународен семинар за директорите од средните училишта во Скопје  5 - 7 март 2010

 

“Вештините на преговарање и лобирање како клучен фактор во подобрувањето на менаџерските компетенции на директорите на училиштата”
 

     Во програмата за работа на Секторот за кариера и обука кој функционира во рамките на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се дизајнирани обуки за подобрување на менаџерските компетенции на директорите на средните училишта во Република Македонија. За таа цел од 05.04.2010 година до 07.04.2010 година во Истанбул, Република Турција под водство на ректорот на Универзитетот, проф.д-р Аце Миленковски, а во присуство на деканите на факултетите и директори на седумнаесет средни училишта од Скопје беше одржан дводневен семинар, т.е. обука на директорите на средните училишта на тема „Вештините на преговарање и лобирање како клучен фактор во подобрување на менаџерските компетенции на директорите на училиштата“. Интерактивната работилница ја фасилитираше проф.д-р Александра Стоилковска, декан на факултеот за претпиемачки бизнис. Во процесот на фасилитираните дискусии кои од методолошки аспект беа фокусирани на корелација на актуелната научна теорија и искуственото знаење , директорите дадоа сугестии и препораки во насока на идните заеднички активности за промовирање на Универзитетот и привлекување на интересот на матурантите за студии. По завршување на семинарот  Ректорот  на директорите им додели сертификати за учество и успешно завршена обука.

     Ипресии на директорите за реализацијата на проектот:

     Ова првпат ни се случува. Никој до сега не ни понудил и овозможил да учествуваме на семинар од ваков тип. Се беше организирано и реализирано на највисоко ниво, почнувајќи од темата која за нас е актуелна и приоритетна.

     Во услови на интензивни промени и проблеми во образованието, досега сите информации што беа насочени кон нас беа само критизерски фокусирани. Очигледно има луѓе како што е Ректорот на Универзитеот за туризам и менаџмент кои размуслуваат и на кои квалитетот на образовните услуги и соодветната професионална ориентација на матурантите им е приоритет.

     Ректорот ги урна сите бариери. Беше еднаков меѓу нас. Не удостои со највисоки почести. Постојано ја иницираше темата за креирање на алтернативни модели за подобрување на образованието на сите нивоа. Истовремено низ неформално дружење и разговори успеа да создаде искрени пријателски односи меѓу сите нас.

 

Заштитен пристап
Корисничко име
Лозинка
Заборавена лозинка
Нов корисник
 
Newsletter
E-Mail

New Page 1
Sveuciliste u Rijeci Fakultet za menazment u turizmu i ugostiteljstvu Opatija - HrvatskaCentral Michigan universitySouth-West University 'Neofit Rilski' Established 1975Univerzitet u Novom Sadu Prirodno - Matematicki fakultetSingidunum universityHotel association of MacedoniaThe College of Tourism BelgradeDepartman za geografiju, turizam i hotelijerstvoAkademija klasicnog slikarstvaUniverzitet Crne GoreNational Sports Academy (NSA) "Vassil Levski"