 | |
|
Прв циклус додипломски универзитетски студии
Приемот на нови кандидати за запишување во прва година на прв циклус додипломски студии на Универзитетот се врши по пат на конкурс. Кандидатите се запишуваат без полагање приемен испит на еден од факултетиве при Универзитетот:
Факултет за туризам
Економски факултет
Факултет за меѓународен маркетинг менаџмент
Факултет за односи со јавноста
Факултет за претприемачки бизнис
Факултет за менаџмент на човечки ресурси
Факултет за спортски туризам
Основен критериум за селекција и рангирање на кандидатите за запишување е успехот постигнат во средното образование. Вреднувањето на успехот на кандидатите се изразува во поени. Кандидатот може да освои најмногу 100 поени, и тоа: За кандидатите кои полагаат државна и училишна матура, односно завршен испит, рангирањето ќе се врши по следниот критериум: - општиот успех, постигнат по сите предмети во средното образование учестува со 60%; - успехот од полагањето државна, односно училишна матура или завршниот испит учествува со 40% и тоа:. - екстерен задолжителен предмет мајчин јазик со 8 % - екстерен изборен предмет математика основно ниво или странски јазик со 8 % - интерни предмети 2х8 %= 16% ( се вреднуваат сите предмети) - проектна задача 8 %
За кандидатите кои немаат полагано државна матура, рангирањето ќе се врши по следниот критериум: - општиот успех од сите предмети во средното образование учестува со 60%; - успехот од два предмета значајни за соодветната студиска програма учествува со 40%.
|
|
|
|
 |
|
|