
Своето највисоко ниво на остварување на концепциите за развој и унапредување на Високото образование, како иманентна (sui generis) визија и мисија, УТМС го реализира низ опстојно позиционирање на системот на последипломски студии, како логично и континуирано продолжување и надградба на достигнатите нивоа на знаење, вештини и компетенции во додипломските нивоа на заокружени студиски целини.
Постдипломските студии се реализираат согласно програмите на настава и системот на валоризирање и доследност на методологијата на ЕКТС и Болоњската декларација, и тоа во 4+1 модул, како и во 3+2 модул на студирање.
>>> Конкурс за упис на последипломските студиуми на УТМС во академската 2010/2011 <<<
Во првата генерација на последипломски студии (академска 2009/2010), од пријавените 207 кандидати, запишани се 135 последипломци на факултетите при УТМС, и тоа по факултети:
Факултет за туризам
Економски факултет
Факултет за меѓународен маркетинг менаџмент
Факултет за односи со јавноста
Факултет за претприемачки бизнис
Факултет за менаџмент на човечки ресурси
Факултет за спортски туризам