UI GreenMetric World University Rankings е прво и единствено универзитетско рангирање кое ја мери посветеноста на универзитетите во развој на „еколошки прифатлива“ инфраструктура. Рангирањето е иницијатива на Универзитетот во Индонезија произлезено од Меѓународната конференција за Светско универзитетско рангирање во 2009 година, која има за цел да ја акцентира важноста на одржливоста и грижата за животната средина од страна на универзитетите ширум светот, како и мерките кои секој рангиран универзитет ќе ги преземе во функција на создавање на “environmentally friendly” инфраструктура. Во таа насока, од 2010 година универзитетите во светот се рангирани од страна на Green Metric врз основа на критериумот: „колку се одговорни кон животната средина“. Евалуациската платформа креирана од Универзитетот во Индонезија им овозможува на универзитетите да го измерат односот кон животната средина и нуди корисни совети за подобрување во оваа сфера.

Рангирањето се врши на основа на 6 индикатори :
1. Инфраструктура на Универзитетот
2. Потрошувачка на енергија и климатски промени
3. Управување со отпад
4. Управување и потрошувачка на вода
5. Транспорт
6. Образование

Универзитетите кои сакаат да учествуваат треба да обезбедат нумерички податоци за горенаведените индикатори и фотографии кои ќе ја докажат нивната посветеност кон животната средина и одржливиот развој. Податоците се даваат на независен Борд кој ги евалуира и дава Извештај за секој Универзитет којшто може да се користи за подобрување и рафинирање на идните политики на Универзитетите на ова поле.

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје учествува во ова светско рангирање од 2017 година. Рангиран е на првото место во Република Македонија по грижа за животната средина и на 568-то место во светот со што се најде во групата на најдобрите светски универзитети и по критериумот на одговорноста и посветеноста кон животната средина и одржливиот развој.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).