OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

Уште една потврда за квалитетот на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје

УТМС изгласан за Superbrand во Република Македонија за 2013/2014 година. Ова признание е уште една потврда за квалитетот што седум години наназад  УТМС го гради и негува, секојдневно работејќи на поддигање на условите, при тоа следејќи ги светските норми за квалитет и методологија во сферата на образовниот процес.Брендот- Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, кој е претпознатлив во Република Македонија не само кај своите основни клиенти-студентите, туку и кај пошироката популација според својата специфичност, но пред се поради својата елоквентност,  ги прошири своите рамки и се здоби со уште поголемо признание. Имено, Универзитетот за туризам и менаџмент како носител и двигател на квалитет и знаење  изгласан е за Супербренд во Република Македонија за 2013/2014 година.  

Ова признание е уште една потврда за квалитетот што седум години наназад  УТМС го гради и негува, секојдневно работејќи на поддигање на условите, при тоа следејќи ги светските норми за квалитет и методологија во сферата на образовниот процес. Оценката на стручниот Совет за донесување на една ваква одлука за УТМС, од една страна преставува награда за досегашното залагање и работа, но од друга причина повеќе за напредок и отворање и прифаќање на сите нови можности и услови, кои му се потребни на Универзитетот, но и на образовниот процес воопшто.

Инаку, Superbrands е меѓународна организација специјализирана за брендинг, денес активна во 92 земји во светот. Почетоците на најпопуларните брендови датираат од 1994 година, кога ББЦ Лондон, медиумски ги преставува најдобрите брендови и тајните на нивниот успех. Надгледувањето на процесот на гласање е во склад со меѓународни стандарди, кои вклучуваат гласање од страна на потрошувачите и членовите на Стручниот совет. Сите брендови со висока просечна оценка како УТМС, се повикуваат активно да го капитализираат статусот со употреба на наградниот знак Superbrands Macedonia’s Choice 2013/14. Резултатите од истражувањата на реномираната истражувачка куќа GfK, спроведено во Адриатик регионот, потврдуваат дека повеќе од 65% од испитаниците се запознаети со Superbrands сертификатот и попрво би купувале производи кои се означени со Superbrands статусот!