OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНО ДЕЛУВАЊЕ НА УТМС - КООРГАНИЗАТОР НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ГАЛИЧКА СВАДБА“

Во рамките на своето општествено одговорно работење, Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје е коорганизатор на манифестацијата „Галичка свадба“. Својот придонес во негувањето и афирмацијата на богатото културно наследство и традиционалните вредности на Р. Македонија, УТМС го дава со вклучување на своите стручни, финансиски и матерјално - технички капацитети во организирањето и реализирањето на оваа уникатна манифестација. За таа цел тим од професори, асистенти и студенти од УТМС активно се вклучија во промоцијата и поддршката на оваа туристичка атракција која секоја година привлекува голем број на домашни и странски посетители. Својата посветеност во негувањето и промовирањето на богатото културно наследство во општествената заедница, УТМС примарно го остварува преку едуцирање на кадри на Факултетот за туризам за потребите на туристичкиот пазар, активна соработка со деловните субјекти во креирањето на националната стратегија за поддршка и развој на туризмот во Р. Македонија, како и учество во организирање и реализација на многубројни манифестации и настани.
Традиционално како и секоја година и оваа година Фондот за стипендирање „Проф. д-р Љубе Миленковски“ кој е дел од УТМС на младенците на „Галичка свадба“ им доделува целосни стипендии за студирање на еден од петте факултети.