OSense O-Sense
OSense O-Sense
OSense O-Sense

УШТЕ ЕДНА ПРИЧИНА ЗОШТО Е ПРЕДНОСТ ДА СИ СТУДЕНТ НА УТМС: НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ БЕА НАГРАДЕНИ СО ПАТУВАЊЕ ВО ДОХА, КАТАР

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје проактивно работи на оспособување на своите студенти за глобалниот пазар, притоа работејќи на академската, професионалната и социјалната надградба на секој студент индивидуално. Токму тоа е и најважната карактеристика според која УТМС се издвојува од останатите универзитети.

Во рамките на проектот за одбележување на Светскиот ден на туризмот – 27.09.2017, УТМС заедно со своите соработници Qatar Airways и Hotel Marriot Doha награди 4 студенти со платени викенд-аранжмани во Доха, Катар.

Студентите, кои се вратија од патувањето вчера, 06.10.2017, видно импресионирани од дестинацијата, едногласно ја изразија својата благодарност до УТМС за ова искуство, кое, како што велат - ,,Ќе го паметат цел живот”. 


Софистицираниот амбиент во хотелот „Мариот” Доха, Катар ги фасцинира студентите од УТМС


Наградените студенти Христијан Пешталески и Моника Кочовска од Факултетот за туризам, Александар Тофиловски од Економскиот факултет, Јелена Нинкикева од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси ги споделија миговите и искуствата со своите колеги студенти и со наставниот кадар на УТМС. 


Наградените студенти од УТМС пристигнаа со силни импресии од патувањето и ја изразија својата огромна благодарност до УТМС


Според нив, ова е најуникатната дестинациjа што ја посетиле досега. Особено се импресионирани од гостопримливоста и културата во Катар, изобилието од можности, плажите, огромните трговски центри, почитта кон законите, архитектурата и обичаите. 


Уникатен начин на изразување благодарност до УТМС од наградените студенти 


Посетата на еден од најубавите молови во Доха, неизоставен дел од доживувањата во Катар.

Четворицата студенти ја добија наградата благодарение на посветеноста кон студиите и останатите воннаставни активности кои УТМС им ги нуди на своите студенти. 


Наградените студенти од УТМС заедно со деканот на Факултетот за туризам, проф. д-р Сашко Граматниковски и екипажот на „Qatar Airways”, по доаѓањето од незаборавниот престој во Доха, Катар.


Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и понатаму ќе ја продолжи својата мисија за генерирање на најдобрите кадри за глобалниот пазар со високи академски, професионални, социјални стандарди и врвен квалитет во високото образование.

Извор: Fakulteti.mk