За Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје

Појавата на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, преку прераснувањето на Факултетот за туризам – Скопје, значеше и пополнување на повеќедецениската празнина во високообразовниот систем во земјава. Новите факултети, во рамките на Универзитетот, понудија наставни програми кои гарантираат целосен напредок не само во процесот на учење, туку гарантираат и комплетен успех во создавањето и менаџирањето на сопствената професионална кариера. Во креирањето на наставните програми на факултетите, главен акцент е ставен на соединувањето на теоријата со практиката. Создадовме академски центар кој со целата своја сила се фокусира на студентот. Покрај знаењето и вештините врзани за туристичкото стопанство, студентите ги совладуваат и тајните на менаџерската функција, деловното одлучување, создавање позитивно мислење и имиџ на организациите преку развивање квалитетни односи со јавноста, тајните во управувањето со човечките ресурси, начинот на покренување и развивање сопствен мал бизнис, управување со проекти и слично. Работите кои дипломираниот студент ќе може да ги извршува, по дипломирањето на еден од факултетите во состав на Универзитетот, исто така, се многубројни. Се тоа затоа што основна цел ни е од редовите на факултетите при Универзитетот да излезат професионалци кои ќе бидат оспособени да се соочат со животните предизвици на секое поле, луѓе кои ќе бидат компетентни учесници, а не набљудувачи на растот и управувањето на сопствениот професионален живот.
Особено внимаваме при изборот на наставниот кадар, а ангажираните професори се високи професионалци кои со себе носат и огромно практично искуство.
Во рамките на Универзитетот, како поддршка на студентите, делуваат: Секторот за односи со јавноста, Секторот за меѓународна соработка и маркетинг, Центарот за кариера, Сеткорот за претприемништво, Научно-истражувачкиот центар и Секторот за издавачка дејност.
Оттаму, Универзитетот за туризам во Скопје не претставува само нов универзитет, туку и целосно нова идеја и методологија за изведување на студиите.
|