Право на пристап до информации

Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер кои ги поседува Ректорот на Универзитетот Скопје е загарантирано со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на РСМ бр. 101/2019) на домашни и странски физички и правни лица.

Поднесување Барање за пристап до информации

Барањето за пристап до информации се остварува со поднесување на барање до службеното лице за слободен пристап до информации. Доколку барањето се поднесува по писмен пат, потребно е да се пополни Образец на барање за пристап до информации, или, во случај да не се користи образецот, да се нагласи дека информацијата се бара согласно Законот за слободен пристап до информации. Барањето за остварување на право на слободен пристап до информации кои ги поседува Ректорот на Универзитетот Скопје, може да се поднесе:

  1. електронски, на следните E-mail адреси: j.ilieva@utms.edu.mk или b.conev@utms.edu.mk
  2. по пошта, на следната адреса:

Универзитет Скопје
Службено лице за слободен пристап до информации
Бул. „Партизански одреди“ бр. 99,
1000 Скопје, С. Македонија

     3. Усно на Записник, секој работен ден од 10:00 до 12:00 часот

 Барањето задолжително содржи назив на имателот на информацијата, личното име и презиме на барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице. Во барањето барателот е должен да ја наведе информацијата со која сака да се запознае и на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација (увид, препис, фотокопија, електронски запис).

Универзитетот нема да постапува по непотполни барања. 

Обрасци за остварување на право на слободен пристап:

  • Образец на барање ,
  • Образец на жалба ,

Универзитетот Скопје има право на надмест на реалните материјални трошоци кои ќе настанат во текот на постапката за слободен пристап до информации, согласно закон. 

Овластено лице за заштитено внатрешно пријавување

Име и презиме: Невена Флоровска
Работно место: Референт за Студентски евиденции
Телефонски број за контакт: 023093209
Поштенска адреса: бул. Партизански одреди бр.99, Скопје
Eлектронска пошта за прием на пријави: n.florovska@utms.edu.mk

Службени лица за посредување со информации

Проф. д-р Јана Илиева
емаил: j.ilieva@utms.edu.mk
тел: 023093209

Доц. д-р Благој Цонев
емаил: b.conev@utms.edu.mk
тел: 023093209

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).