Мисија, визија, препознатливост
Студентскиот сојуз при Универзитетот за туризам и менаџмент беше формиран со акт на Факултетот за туризам во Скопје пред четири години, и претставува орган кој се грижи за правата и обврските на студентите. Членови на Студентскиот сојуз може да бидат студенти од додипломските и постдипломските студии.
Во склад со своите основни задолженија Студентскиот сојуз се бави со решавање на студентските прашања, учествува во формирањето на наставните и вон наставните програми кои влијаат на квалитетот на студиите. Претставници на Студентскиот сојуз при УТМС членуваат во сите тела на универзитетот со што имаат увид во неговата работа. Меѓутоа активностите на Студентскиот сојуз при УТМС не завршуваат тука. На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје студентската иницијатива е многу поголема бидејќи во соработка со менаџментот на Универзитетот Студентскиот сојуз е вклучен во голем број на проекти што придонесуваат за зголемување на личниот развој на студентите. Студентскиот сојуз при УТМС е директно вклучен во кампањата за запишување на нови студенти па преку проектите студентите имаат можност на некој начин да бидат вклучени во највисоката форма на маркетинг и промоција што ја врши Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Исто така Студентскиот сојуз е позната и по забавите што ги организира. Една од тие забави што се прави по повод завршувањето на пролетниот семестар пред самиот универзитет на отворено стана препознатлива и пошироко. Во делот на меѓународната соработка Студентскиот сојуз при УТМС воспостави соработка со Студентските организации од поголемиот дел од земјите од Балканот, па како плод на таа соработка е организирањето на првите студентски спортски игри за студентите од Факултетите за туризам позната како Туризмијада. Ние сме основачи на еден Меѓународен симпозиум во Будва каде што втора година по ред сме носители на пленарните седници. Оваа година си поставивме за цел да организираме Меѓународен симпозиум кој што би ги вклучил сите Факултети од нашиот Универзитет каде што би се собрале студентите од Факултетите со кои што имаме формална соработка и со тоа би ја крунисале нашата досегашна меѓународна соработка. Студентскиот сојуз во соработка со менаџментот на УТМС учествува во организацијата на студентската пракса, и е активно вклучена во делот каде што им се даваат совети на практични совети на студентите за тоа како да ја поминат праксата. Исто така членови на Студентскиот сојуз се грижат за студените кои што одат на пракса на тој начин што се заедно со нив цело време или повремено ги посетуваат.
Сето ова ни дава за право да продолжиме да ја вршиме нашата мисија во областа на подобрување на решавање на студентските прашања како и наше домашно и меѓународно етаблирање.





Претседателство
Андреја Мачкиќ - Претседател
Мери Ничкова - Член
Горан Апостоловски - Член
Стефан Шаурек - Член
Елена Џуковска - Член
Извршен одбор
Игор Камиловски - Факултет за туризам
Давор Димовски - Факултет за туризам
Дарко Јанкулов - Економски факултет
Александар Младеновски - Факултет за меѓународен маркетинг менаџмент
Јовица Тапарчевски - Факултет за туризам
|