им помогне на студентите пред сe околу изнаоѓање на добра бизнис идеја која ќе им овозможи да ги реализираат своите визии и желби во рамките на современото претприемаштво. За реализација на бизнис идејата можат да ги следат насоките од Секторот за претприемаштво.
Во современите и комплицирани општествени состојби во кои функционираат малите и средни претпријатија од големо значење е помошта која им ја дава Секторот за претприемaштво на студентите за насочување како да ги препознаат и да ги операционализираат неограничените можности кои постојат во околината. Секторот не само што ги советува студентите на Универзитетот, туку ги советува и пошироко заинтересираните страни, како да ги пронајдат потребите на пазарот кои не се задоволени и како да ги задоволат истите.
Во услови на оштра и сериозна конкуренција потребно е познавање на различни стратегии и техники за справување со неа и опстојување во силно променлива средина. И на ова поле Секторот за претприемаштво дава насоки како на најсоодветен начин да се изведе тоа.
Секторот за претприемаштво е отворен за соработка со сите мали и средни претпријатија кои имаат потреба од ваква помош, а истовремено и за соработка со институции кои работат на полето на претприемаштвото.