прва страницаКурсеви

Меѓународната програма на IATA/UFTAA за патување и туризам


     Во рамките на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, се реализира меѓународната програма на IATA/UFTAA. Тоа е програма која што заеднички ја подготвуваат и изведуваат Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) и Универзалната федерација на патничко агентските асоцијации (UFTAA). Тоа е програма наменета за оние кои што на професионално ниво сакаат да ја започнат својата кариера во индустријата за патување и туризам. 


     Зoшто IATA/UFTAA програма?

          · Затоа што има повеќе од 35 годишно искуство во обучување

          · Затоа што има преку 250.000 дипломци низ целиот свет

          · Затоа што дипломата ќе ја добиете директно од седиштето во Монтреал и ќе ви биде признаена во целиот свет

 


 


ГДС Амадеус

На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, се изведуваат и курсеви по глобалниот дистрибутивен систем Амадеус. Тоа е водечки провајдер за IT решенија во индустријата за патување и туризам, овозможувајќи брз и ефикасен пристап до авионските компании, хотелите, крстаречката индустрија, железниците, рент-а-кар индустријата.

Зашто Амадеус?

·         Затоа што има преку 400.000 корисници на платформата на Амадеус

·         Затоа што поврзува преку 15.000 патнички агенции, преку 8.500 хотелски ланци, преку 150 авио компании во светот

·         Затоа што во 2009 година преку Амадеус се процесуирале повеќе од 670.000.000 платени трансакции во транспортната индустрија

·         Затоа што се ова го прави најдобар во e-ticketing во светот

 
  
 

Сертификат за ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ во Република Македонија

     Наставната програма по која што Факултетот за туризам-Скопје ќе ја изведува наставата за стручен испит по кој што кандидатите  ќе се стекнат со сертификат и звање „Туристички водич“ во Република Македонија произлегува како потреба на туристичкото стопанство во државата, но пред се како потреба на туристичките агенции и здруженија регистрирани во нашата земја, што се занимаваат со оваа дејност.

     Наставната програма што наставно-научниот  совет на Факултетот за туризам-Скопје ја усвои, опфаќа осум одделни предмети, што по својата содржина се неопходни за квалитетна и добро осмислена настава и обука на кадри кои ќе работат во туристички сојузи, здруженија и агенции како туристички водичи за потреба на домашни и странски туристи.

     Наставната програма ги содржи следните наставни предмети:

          1. Основи на туризмот

          2. Национална туристичка географија

          3. Национална историја

          4. Културно наследство и туризмот во Република Македонија

          5. Менаџмент во хотелиерството и туристички агенции

          6. Информативно-водичка служба во туризмот

          7. Основи на туристичката политика и прописи во туризмот

          8. Странски јазик

 



 

 

Сертификат за ТУРИСТИЧКИ ПРИДРУЖНИК

     Наставната програма по која што Факултетот за туризам-Скопје ќе ја изведува наставата и полагањето на стручен испит за туристички придружник во Република Македонија, по кој кандидатите ќе се стекнат со уверение, произлегува од одредбите од член 18 и 19 (член 45-а) од Законот за изменување и дополнување на Законот за туристичка дејност (Сл. Весник бр. 89/2008).

     Наставната програма што наставно-научниот  совет на Факултетот за туризам-Скопје ја усвои, опфаќа пет одделни предмети, што по својата содржина се неопходни за квалитетна и добро осмислена настава и обука на кадри кои ќе работат во туристички сојузи, здруженија и агенции како туристички водичи за потреба на домашни и странски туристи.

     Наставната програма ги содржи следните наставни предмети:

 

          1. Национална туристичка географија

          2. Културно наследство и туризмот во Република Македонија

          3. Информативно-водичка служба во туризмот

          4. Основи на туристичката политика и прописи во туризмот

          5. Странски јазик

 

 

Сертификат за РАКОВОДЕЊЕ СО ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА

     Наставната програма ги содржи следните наставни предмети:

          1. Менаџмент на туристички агенции

         2. Менаџмент на човечки ресурси

         3. Маркетинг во туризмот

 
 

Berlitz јазичен центар

Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје соработува со Berlitz јазичниот центар. Berlitz како една од водечките компании на меѓународниот пазар за јазично образование, со своите индивидуални и корпорациски услуги ги задоволува потребите на поединци и организации веќе 130 години.

Berlitz Method® се карактеризира со активно говорење и е ефикасен за развивање на конверзациски способности за релативно кус временски период.

                Berlitz е име кое е препознатливо насекаде во светот, кое се споменува во познати филмови и серии, место каде многу познати личности и корпорации инвестирале во своето знаење...

                Во Berlitz учеа Антонио Бандерас, Џон Ленон, Ева Лонгориа, Силвио Берлускони, царот Никола II, Франсоа Митеран, Марлон Брандо, Мерил Стрип и многу други.

 


 

Заштитен пристап
Корисничко име
Лозинка
Заборавена лозинка
Нов корисник
 
Newsletter
E-Mail

New Page 1
Sveuciliste u Rijeci Fakultet za menazment u turizmu i ugostiteljstvu Opatija - HrvatskaCentral Michigan universitySouth-West University 'Neofit Rilski' Established 1975Univerzitet u Novom Sadu Prirodno - Matematicki fakultetSingidunum universityHotel association of MacedoniaThe College of Tourism BelgradeDepartman za geografiju, turizam i hotelijerstvoAkademija klasicnog slikarstvaUniverzitet Crne GoreNational Sports Academy (NSA) "Vassil Levski"