 | |
|
Почитувани,
Добредојдовте во институцијата која ви ги отвора портите на квалитетното знаење, единствена методологија во земјава, идеален баланс на теорија со практика, врвни професори и гаранција за успешна професионална кариера. Во своето тригодишно постоење докажавме дека и во Македонија има потенцијал за лидерство, докажавме дека нашата визија, со правилно менторство, многу труд и напор, можеме да ја преточиме во реалност. Реалност, која изминативе три години не издигна на пиедесталот на лидери во градењето на идните менаџери од областа на туризмот. Успеавме да докажеме дека теоретското знаење добиено преку наставата е применливо единствено доколку поседувате вештини и компетенции кои можат да се стекнат само преку практична работа. Практично, заинтересираноста на туристичкиот пазар за првата генерација дипломирани туризмолози ја потврди целата тригодишна посветеност и ангажираност. Изминатава година беше вистински предизвик да се продолжи со истиот квалитет и во време кога Факултетот за туризам прерасна во Универзитет во чии рамки делуваат дополнителни пет нови факултети. Тоа значеше многу поголеми вложувања, поголема посветеност, поголема тимска работа........ но се тоа е лесно остварливо со квалитетен и добро селектиран тим кој постојано докажува дека Универзитетот чекори по вистинскиот пат. Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и натаму останува на својата професионална ориентираност – квалитетно теоретско знаење, практични вештини и компетенции, поттикнување на индивидуалниот потенцијал кај секој студент, развивање критичко и креативно размислување, создавање силни лидери кои ќе знаат да се соочат со професионалните предизвици. Силно веруваме дека негувањето на традицијата, вербата во иднината на сопствената земја, самопочитта и почитта на другиот се вистинските вредности кои треба да го водат младиот човек низ животот. Доколку сопствената иднина ја градите низ призма на иден лидер, тогаш го направивте вистинскиот чекор. Ви честитам и Ви посакувам успешен академскиот живот.
Со почит, Ректор
Проф. д-р Аце Миленковски
|
|
|
|
 |
|
|