 | |
|
Во процесот на креирање стратегии кои се во насока на зацврстување и подобрување на вкупниот квалитет и јавното мислење за институцијата, Секторот за односи со јавноста на Универзитетот, извршува бројни активности и има особено важна улога и функција, внатре и надвор од институцијата. Секторот е задолжен за дефинирање на целите и целната јавност, анализа на проблемите и можностите врз основа на што нуди препораки и планирање на активностите на Универзитетот. Секторот постојано прибира информации од менаџментот, од внатрешната и од надворешната јавност, со единствена цел – врз основа на проценка на стекнатите информации да формулира препораки кои ги одобрува менаџментот. Исто така, Секторот има голема улога во подготовка на пишаните материјали кои излегуваат од институцијата, пред се соопштенијата за медиумите, писмата до студентите, нивните родители, како и писмата до деловните партнери на институцијата, брошури, каталози, говори, публикации и билтени за вработените и слично. Притоа, особено важна функција на Секторот се односите со медиумите во процесот на дистрибуција на информациите од институцијата и нивно презентирање до пошироката јавност. Секторот за односи со јавноста е задолжен за интегрално осмислување и реализирање на кампањите наменети за матурантите кои треба да им помогнат на идните студенти во процесот на нивната професионална ориентација. Исто така, организирањето конгреси, симпозиуми, севечено промовирање на дипломираните студенти, прес-конференциите, прославување годишници, организирање приеми, студентски забави и посебни обраќања, разни натпревари и програми за наградување, патувања и посебни состаноци, организирање интервјуа и телевизиски настапи - се само дел од активностите на Секторот за односи со јавноста, со цел привлекување внимание на јавноста и вложување во сопствениот имиџ. Во процесот на менаџирање на комуникациите, Секторот врши перманентна евалуација.
|
|
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, ја остварува својата мисија преку остварување на меѓународна соработка со останати високообразовни институции и туристички агенции во светот. Воспоставените договори за соработка со институциите од земјава и странство овозможуваат поголем проток и меѓусебна размена на студенти, професорски кадар, учебни помагала, искуство и слично. Поради актуелноста на факултетот за меѓународен маркетинг и менаџмент, соработката се проширува и со професионални маркетиинг агенции за реализирање на практичната работа на студентите.
Универзитетот остварува успешна соработка со повеќе високообразовни институции од странство:
- “Универзитетот во Риека“, односно “Факултетот за менаџмент во туризмот и угостителството во Опатија“, Р. Хрватска;
- “Универзитетот Сингидунум“ од Белград, Р. Србија;
- “Универзитетот во Нови Сад“, односно“Природно-математичкиот факултет“ – “Департмант за географија, туризам и менаџмент во туризмот од Нови Сад“, Р. Србија;
- “Привредна академија“, Нови Сад, Р. Србија;
- “Educons University“, Сремска Каменица, Р. Србија;
- “Cеntral Michigan University“ (Faculty of Economics) од САД;
- Southwest university “Neofit Rilski”, Благоевград, Р. Бугарија;
- Националната спортна академија „Васил Левски“ од Софија, Р. Бугарија;
- “Универзитетот Црна Гора“ – “Факултетот за туризам и хотелиерство“, Котор, Црна Гора;
- “Висока туристичка школа од Белград“, Р. Србија.
- “Liverpool Hope University“ и “Mediterranean university – school of tourism and hotel management“, Анталија, Р. Турција
Остваруваме официјална соработка и со следниве асоцијации и хотелски капацитети во земјава и во странство:
· „TURSAB“ – Асоцијација на турските туристички агенции;
· “ASTERIX TOURS INTERNATIONAL“ – Туристичка агенција од Анталија, Р. Турција;
· Туристичка агенција “SUN&FUN“ од Кушадаси, Р. Турција;
· “MELI Group“ од Солун, Р. Грција;
· “Hellenic Tourist groups S.A.“ од Солун, Р. Грција;
· “REA group hotels“, Литохоро, Р. Грција
· Hotel “EGNATIA PALACE“ од Солун, Р. Грција.
· Египетската консултантска туристичка канцеларија во Каиро;
· “Одеон“ – најголемиот тур-оператор во Југоисточна Европа и Турција
· “TRIMONIUM Employment Staffing Solutions“, Софија, Р Бугарија
· Хотелската асоцијација на Македонија – “ХОТАМ“.
· Царинската управа на РМ,
· Агенција за промоција и поддршка на туризамот,
· ЦС Глобал - Скопје
· Општина Карпош.
· Сава табак осигурување АД Скопје
|
|
|
|
 |
|
|