УТМС потпиша меморандум за деловна соработка со Општина Крушево и со Средното училиште „Наум Наумовски Борче“

Ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, Аце Миленковски на 12.05.2010 година во Крушево потпиша меморандум за деловна соработка со градоначалникот на Општина Крушево, Василчо Дамчески. Склучен таков меморандум во истиот ден беше потпишан и со директорката на средното општинско училиште „Наум Наумовски Борче“, Билјана Проеска. Целта на овие меморандуми е преку знаењата и искуствата што ги има Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје да и се помогне на Општина Крушево и на локалното средно училиште да гио развиваат вештините во областа на туризмот, угостителството и услужните дејности, со што, како што истакна Ректорот Миленковски Крушево не би чекало само на помош од државата туку ќе биде оспособено само да си обезбедува својата иднина. Голем дел од младите Крушевчани по завршувањето на средното образование ќе имаат можност со подшка на УТМС да бидат оспособени за работа во областа на туризмот во градот во кој што живеат, а не својата егзистенција да ја бараат на некое друго место. Ректорот Миленковски ја најави и можноста за отворање на дисперзирани студии на УТМС во Крушево. Од досегашната и од договорената идна соработка меѓу УТМС, Општина Крушево и средното училиште „Наум Наумовски Борче“, задоволство изразија и градоначалникот Дамчески како и директорката Проееска.





|