Сектор за кариера и обука
 Секторот за кариера и обука на Универзитетот за туризам и менаџмент ги учи студентите како да управуваат со својата кариера за време на студиите, почнувајќи од избор на главната професионална ориентација до експериментирање и истражување на најразлични опции за кариера, можност за размена на студенти, барање на вработување со половина и цело работно време, подготовка за дипломирање и продолжување на едукацијата. Секторот за кариера и обука е линкот меѓу студентите на Универзитетот и бизнис сектрот во земјава и странство. Секторот е фокусиран на истражување на потребите на дипломираните кадри, пронаоѓање можности за стекнување на размена на студенти со останатите високоразвиени образовни системи. Покрај понудата на можностите за вработување Секторот за кариера и обука има соодветна улога за студентите – каде да го продолжат своето образование, како најдобро да се претстават себе си на интервјуто за работа, како да комуницираат и да ја развиваат културата на говорот, односно, како да го откријат својот најдобар потенцијал. Секторот се грижи за задолжителните практикуми на студентите во текот на студиите, со посебен акцент на обезбедување работни места, по дипломирањето за најдобрите студенти. Секторот за кариера и обука обезбедува услуги на студентите и другите заинтересирани страни за подобрување на компетенциите преку обуки, семинари и консултации. Им помага на студентите во идентификување на афинитетите и професионалната ориентација. Врши истражување на пазарот на работна сила и соработува со бизнис секторот.
М-р Валентина Муцунска Палевска
Проект менаџер на Секторот за кариера и обука
|