МИСИЈА, ВИЗИЈА, ПРЕПОЗНАТЛИВОСТ
Нашата мисија е создавање, спроведување и одржување висок квалитет во образованието, негување и промоција на традицијата, подготовка на лидери кои ќе умеат да се соочат со предизвиците кои ќе им ги постават своите професионални кариери. На тој начин, создаваме лидери кои, давајќи го својот максимум во организациите каде што ќе бидат ангажирани, придонесуваат за вкупен напредок на општеството во целина.
Нашата визија е меѓународна препознатливост и проодност на студентите. Втемелување на универзитет кој по методологијата на стекнување знаења, вештини и компетенции е синоним за високи стандарди и барања за одржување на квалитетот. Се тоа ни обезбедува место во редот на универзитетите кои се лидери во областа на високото образование во Европа и во светот.
Нашата основна препознатливост се:
- Високи стандарди – во сe што правиме.
- Актуелност – доследно спроведување на Болоњскиот систем и ЕКТС под менторство на Факултетот за менаџмент во туризмот и угостителството во Опатија, Р. Хрватска.
- Теорија - квалитетно теоретско знаење, учење преку доследна примена на ЕКТС системот во согласност со Болоњскиот процес и работа под менторство.
- Практична работа – неопходна за стекнување вештини и компетенции.
- Компетентност и релевантност – тестирање на теоријата во практиката преку спроведување активни практикуми со теренска настава.
- Верификација – на знаењето.
- Транспарентност – на постигнатите резултати и интерпретацијата на истите.
- Отвореност, тимска работа и соработка – меѓу студентите, професорите, соработниците, бизнис заедницата.
- Различност – почитување на различноста и градење толеранција.
|