Договор за партнерство меѓу УТМС и „Lions“
Ректорот на Универзитетот за Туризам и Менаџмент – Скопје, Проф. д-р Аце Миленковски во јуни 2010-та, потпиша договор за воспоставување партнерство меѓу Универзитетот и „Lions“ клуб District 132 MKD. Со договорот е дефинирана рамката на меѓусебната деловна соработка, која се состои во утврдување на меѓусебни права и обврски од доменот на дејноста на Универзитетот: сугестии за студискте програми, кои се реално потребни за заедницата, стипендирање на студенти од страна на Лајонс Клубот, повластено студирање на студентите, кои се членови на Клубот, техничко-технолошка помош од страна на Универзитетот за Клубот, како и дефинирање на други проекти од заеднички интерес на договорните страни, во согласност со наставните програми и методи на изведување на настава. Во наредниот период следи реализацијата на договорената и конкретна соработка.
Содржината на Договорот за соработка укажува на предизвиците и предностите на соработката на граѓанските организации и деловниот сектор со Универзитетот за Туризам и Менаџмент - Скопје. Со истиот а и со многуте другите протоколи за соработка, Универзитетот секогаш ја носи препораката за воспоставување и развивање на трајни мрежи на соработка со сите релевантни институции, кои го поддржуваат нашиот образовен систем.
УТМС останува отворен за соработка

На протоколот при потпишувањето, Рекоторот Проф. д-р Аце Миленковски, го истакна големото значење на партнерствата меѓу сите институции и Универзитетот. “Ние не трагаме по сопствениот идентитет, бидејќи тој постои од самото свое основање, одликувајќи се со специфичност и оригиналност, но секогаш ќе продолжиме да се афирмираме со отворен, флексибилен, активен пристап во образовните и опшетествено-економските процеси, интегрирајќи се со опкружувањео во земјата и пошироко. Секогаш сме подготвени за нови предизвици во образованието и науката, од домашна и меѓународна перспектива”, рече ректорот Миленковски. Инаку, цел на УТМС е креирање на силни релации Универзитет -туризам - стопанство, поддршка на нови иницијативи, акцент врз меѓународната соработка, спроведување на култура на квалитет во сите сфери од универзитетското делување.
|