ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ЛЕТЕН ПРАКТИКУМ
Aпликација
Почитувани студенти,
На 29 .03.2010 година во 14 часот во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје ќе се одржи првото интервју од страна на менаџери на хотели во Грција. За таа цел потребно е да се пополни апликација која може да ја најдете на нашата веб страна. Досегашната искуство на нашите студенти покажа дека практичната работа во хотелите е најдобар начин за имплементација на целокупната настава која ја следат во текот на годината како и одлична можност за заработувачка. Истовремено ќе имаат можност да искористат и летен одмор.
Затоа ве молиме во најкраток рок да ги пополните апликациите. Во понатамошниот период ќе се извршат и други интервјуа за практична работа во Република Грција и Република Турција. Дел од тие интервјуа ќе се вршат директно за време на Наставно - истражувачкиот практикум во хотелите низ Турција.
|