ФОНД ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“

Во чест на Проф. Д-р Љубе Миленковски, човекот кој секогаш несебично ги подржуваше младите во напорите да израснат во професионални, самоуверени, авангардни личности, личности кои се лидери во животот и знаат што сакаат и што бараат од себе и од другите, Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје донесе одлука за оснивање на Фонд со име „Проф. д-р Љубе Миленковски“. Со тоа обезбеди поддршка и дава помош во развојот на образованието и науката на Република Македонија преку стипендирање на талентирани ученици и студенти кои постигнуваат високи резултати во учењето и студирањето, во организирање на разни активности и проекти од областа на образованието и науката со кои се придонесува за подигање на квалитетот во образованието и науката.

Согласно методологијата за работа на Универзитетот и системот за оценување FIRST CLASS HONOURS DEGREE, студентите кои постигнуваат високи резултати во студирањето добиваат ректорски и декански пофалници и стануваат носители на некоја од титулите Summa Cum Laude, Magna Cum Laude и Cum Laude. Секоја титула носи стипендија од Фондацијата за следната академска година или за наредниот циклус на студии (втор циклус магистерски студии).

Сите поединости во врска со стипендиите се регулирани со посебен Правилник на Универзитетот. Во Правилникот се определени правилата и постапката за добивање стипендија.

Освен стипендии за студирање Фондот обезбедува средства за обуки и други образовни и научни активности.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).