Департман за претприемништво

Департман за претприемништво

Департманот за претприемништво во рамките на Универзитетот Скопје има за цел да ги поврзува студентите со бизнис-заедницата преку организација на научни трибини, обуки и предавања за студентите. Предавањата и обуките ги реализираат гости-предавачи и експерти од областа на претприемништвото, успешни менаџери на компании, но исто така и студентите заедно со академскиот кадар на Универзитетот ги посетуваат компаниите и преку реални состојби во компанијата се запознаваат одблиску со својата идна професија.

Прогресот и напредокот на претприемачките бизниси е од витално значење за развојот на секоја земја. Универзитетот Скопје ја согледува важноста на образовниот систем и продуцирањето кадри од областа на претприемништвото. Преку Департманот за претприемништво им овозможува на студентите преку различните проекти и учество на бизнис-средби да ги збогатат своето знаење, вештини и компетенции. Поддршката на идните претприемачи преку Департманот е особено важна заради создавањето квалитетни и стручни кадри што ќе бидат препознаени од страна на бизнис-заедницата.

Преку експертските предавања на успешни претприемачи што се организираат од Департманот за претприемништво, на студентите им се поттикнува претприемачкиот дух и им се генерираат идеи за отворање сопствен бизнис. Како дел од годишната програма на Департманот за претприемништво, исто така се и натпреварите за избор на најдобар бизнис-план во рамките на кои студентите учат како да подготват квалитетен бизнис-план со кој ќе може да конкурираат за финансиски средства и притоа да ја искористат можноста за започнување сопствен бизнис.

Департманот за претприемништво како дел од Универзитетот Скопје им овозможува на студентите да се формираат како претприемачи што ќе одговорат на барањата на бизнис-секторот и ќе бидат во чекор со современите трендови на претприемништвото.

Компаниите и институциите што соработуваат и го поддржуваат Департманот за претприемништво при Универзитетот, ги споделуваат сопствените искуства и актуелни состојби што се случуваат во бизнис-секторот, при што студентите имаат можност да добијат идеи за креирање сопствен бизнис-план, кој ќе биде создаден врз основа на предностите и недостатоците што постојат актуелно во бизнис-секторот.

Комуникацијата во Департманот за претприемништво е двонасочна бидејќи советите што ги дава академскиот кадар можат да им помогнат на заинтересираните страни за благовремено искористување на пазарните потенцијали со откривање на незадоволените потреби на потрошувачите. Од една страна, експертите од бизнис-заедницата преку своите искуства им помагаат на студентите, а од друга страна, академскиот кадар им помага на претприемачите од бизнис-секторот тие да основаат мал или среден бизнис.

Департманот за претприемништво е отворен за соработка со сите мали и средни претпријатија и институции што работат на полето на развојот, поддршката и на промоцијата на претприемништвото.

 

Раководител:

Проф. д-р Наташа Ристовска
Декан на Факултетот за претприемачки бизнис

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Chestitka velikdenska

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).