About us

Мисија

Нашата мисија е да создаваме, да спроведуваме и да одржуваме највисок квалитет во образованието. Подготвувавме високостручни кадри што умеат да се соочат со предизвиците на своите идни професионални кариери.

Основната водилка на Универзитетот Скопје е да им го даде на студентите сето потребно знаење и да ги насочи кон вистинските приоритети, со цел да придонесе кон создавањето подобра иднина во татковината, а воедно и кадри неопходни за новите научни и професионални барања на општеството и на бизнис-заедницата.

Универзитетот Скопје преку својата методологија на работа, речиси идентична со начинот на работа на сите светски Универзитети, првенствено низ наставата, но и со спроведувањето на практичните ангажмани, постојано ја буди креативноста на студентите, истражувачкиот дух во нив и нивната потреба за освојување нови знаења и вештини.

Токму затоа... Студирајте со најдобрите!

Визија

Универзитетот Скопје според методологијата на стекнување знаења, вештини и компетенции што ја применува е синоним за највисоки стандарди и барања за квалитет, што му обезбедува место во редот на универзитетите-лидери во областа на високото образование во Европа и во светот.

Универзитетот Скопје се стреми кон усвојување на применливо знаење кај студентите, видливост на струката во општеството и меѓународна препознатливост.

Како придружна членка на Светската туристичка организација при Обединетите нации (UNWTO), Универзитетот Скопје постојано работи на развивање на регионалната и на меѓународната соработка со сродни универзитети и организации на полето на научните дисциплини што се изучуваат на овој Универзитет.

Токму затоа сме... Едноставно најдобри!

About us
About us

Препознатливост

Својствени, впечатливи и единствени!

Својствени сме според методологијата на работа што ја применуваме.

Впечатливи сме според имиџот што го градиме секојдневно.

Единствени сме според производот што го испорачуваме.

За сево ова говорат дипломите и сертификатите што ги издава Универзитетот Скопје, кои содржат меѓународни кодови за заемно препознавање и признавање со различните образовни системи на други држави во академски цели. Нашите дипломи и сертификати овозможуваат академско признавање на титулите, како и преод за студирање во странство.

Дипломите и сертификатите што ги издава Универзитетот јасно ги претставуваат достигнувањата, знаењата, вештините и компетенциите што ги усвоил студентот во одбраната област за студирање, без разлика дали се работи за академски потреби, односно за продолжување на студиите на друг странски универзитет или, пак, за професионални потреби, како остварување на правото на вработување во одредена професија.

Токму затоа сме ....Единствени!

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).