УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАНИЕ ЗА УНИВЕРЗИТЕТ СКОПЈЕ

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАНИЕ ЗА УНИВЕРЗИТЕТ СКОПЈЕ

Генералниот секретар на Универзитет Скопје, проф. д-р Јана Илиева, која е дел и од наставниот кадар, е избрана за полноправен член на Светската академија за уметност и наука (World Academy of Art and Science - WAAS).

Ова престижно признание е уште една потврда за високото академско ниво, меѓународната препознатливост и континуираната посветеност на Универзитетот Скопје кон науката, образованието и глобалната академска соработка.

Особена чест претставува фактот што проф. д-р Илиева го освои третиот највисок процент на гласови меѓу големиот број кандидати од различни земји и научни области.

Нејзиниот избор во оваа реномирана светска академска заедница претставува признание за нејзината лична долгогодишна професионална и научна работа, но истовремено и значаен успех за Универзитет Скопје, кој преку своите професори и раководни кадри сè поуспешно се позиционира на меѓународната академска сцена.

Овој успех е дополнителен поттик Универзитет Скопје да продолжи да гради мостови на соработка, да поттикнува научна извонредност, како и досега, и достоинствено да го претставува македонското високо образование во светот.

Упатуваме искрени честитки до проф. д-р Јана Илиева и посакуваме ова признание да биде мотив за нови значајни меѓународни успеси за неа и за нашиот Универзитет.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Newsletter

Пребарај

slider 20 utmsЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).