НАЈДОБРИОТ ПРОФЕСОР НА БАЛКАНОТ ДЕЛ ОД 6-ТАТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРОФЕСОРИ ПО ГЕОГРАФИЈА НА МАКЕДОНИЈА „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – СКОПЈЕ

НАЈДОБРИОТ ПРОФЕСОР НА БАЛКАНОТ ДЕЛ ОД 6-ТАТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРОФЕСОРИ ПО ГЕОГРАФИЈА НА МАКЕДОНИЈА „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – СКОПЈЕ

Најдобриот професор на Балканот, м-р Дејан Немчиќ од Р. Хрватска, беше централен гостин на овогодинешната седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје која се одржа на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје на 05.05.2018 година. Генијалниот професор по географија ги збогатува своите предавања со примена на технологијата и дигиталните алатки и вешто ги пренесува искуствата од целиот свет во предавалните. За време на предавањето на УТМС тој се обрати на тема од исклучителна важност: „Образованието во 21 век – како на часот по географија се споивме со луѓето од сите континенти”. Покрај обраќањето на м-р Немчиќ, свое обраќање имаше и Н.Е. Данијела Баришиќ, амбасадор на Р. Хрватска во Р. Македонија. Почесно обраќање имаше и проректорот за настава на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски, кој говореше за значењето на квалитетот на образованието на сите нивоа. За иновативните стратегии на учење на тема: „Напредно дистрибуирано учење”, беше одржан семинар за стручно усовршување на наставниците кој го водеше проф. д-р Симе Арсеновски, редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Седницата заврши со излагање на Дамјан Николовски, претседател на Здружение за дислексија „Ајнштајн“, кој говореше за дислексијата како проблем за учениците и наставниците.
Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје во текот на своето работење бележи бројни и значајни проекти поврзани со развојот на туризмот, географијата и образованието.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај