Со свечен прв академски час, Универзитет Скопје им посака добредојде на новите студенти и го означи почетокот на новата академска година.
Денес започнува едно ново патување – исполнето со знаење, предизвици, нови пријателства и можности за личен и професионален успех.
Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, на бруцошите им ја претстави методологијата по која работи Универзитет Скопје и им посака успешни академски денови.
„На нашиот Универзитет ќе стекнете најсовремени знаења, ќе учите од најдобрите, а вашата диплома ќе биде меѓународно признаена во целиот свет" порача Ректорот на УТМС.
Со современа настава, практично знаење и посветени професори, Универзитет Скопје продолжува да гради успешни млади луѓе подготвени за иднината.🎓
Уписите се во тек!
Побрзај и приклучи се на новата генерација студенти на Универзитет Скопје!
https://www.utms.edu.mk/vesti/nastava/2807-nova-akademska-godina-novi-pochetoci#sigProId5e6bc1b777

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ