СТУДЕНТОТ НА УТМС ДАНИЕЛ МИХАЈЛОВСКИ ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

СТУДЕНТОТ НА УТМС ДАНИЕЛ МИХАЈЛОВСКИ ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

Со сесрдна финансиска помош дипломецот и актуелен постдипломец на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, Даниел Михајловски, присуствуваше на Генералното собрание на ООН во Њујорк, каде пред значаен политички и светски лидершип ги застапуваше интерсите на младите луѓе.

Како иден лидер во светот и единствен преставник од Република Македонија, Даниел Михајловски заедно 193 млади претставници од секоја земја членка на ООН, во седиштето на Обединетите Нации ги застапуваше интересите на младите луѓе пред претседателите и премиерите од целиот свет. Тој говореше за подобро и поквалитетно образование, достоинствена работа, економска независност, потоа еднаквост по сите основи, и секако можноста за намалување на моќта.

“Голема благодарност до Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје што ми го овозможи ова патување во ЊуЈорк, односно можноста да присуствувам на Генералното Собрание на ООН“, вели студентот на УТМС, Даниел Михајловски.

За време на престојот во Њујорк Михајловски учествуваше на панел дискусии со претставници од кабинетот на Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун,при што оствари средба и со Ахмед Алмедави, Генерален секретар за млади на ОН.

„Се запознав и со Генералниот директор на СОС Детските села од целиот свет, каде разговаравме за можноста младите да земат активно учество во менувањето на политиките на организацијата, бидејки најдобро и најмногу можат да придонесат за истата ако имаат желба“, вели Михајловски.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).