РЕТКОСТ СЕ УСПЕШНИТЕ ПРИВАТНИ УНИВЕРЗИТЕТИ

РЕТКОСТ СЕ УСПЕШНИТЕ ПРИВАТНИ УНИВЕРЗИТЕТИ

Извор: Fakulteti.mk

Минатата недела не' известија дека Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје по втор пат, односно за 2015/16 година е изгласан за Супербренд во високото образование. Оваа информација, ја соопштуваме како вовед на вашето прашање зошто меѓу другото се запишуваат студенти на нашиот универзитет, велат во оваа високообразовна институција.

- Наградата е само поттик младите луѓе кои сакаат да го оформат своето образование да не' изберат нас. Пред се' бидејќи кај нас можат да добијат квалитетно теоретско знаење, кое без исклучок се имплементира и во праксата, преку компаниите во кои ги праќаме нашите студенти. На Универзитетот за туризам и менаџмент функционираат пет факултети, советодавни одбори во кои членуваат истакнати личности, кои се дел од бизнис и општествената заедница, каде нашите студенти ја обавуваат практичната настава. Голем дел од студентите по завршувањето на праксата, добиваат и понуди за вработување. Нашите студенти знаат дека можат да добијат знаење, но и работно место. Оние, пак, поамбициозните аплицираат за мастер студии или вработувања надвор од земјата, без никаков проблем, бидејќи дипломата добиена од УТМС е важечка во целиот свет. Имаме многу студенти кои дипломирале кај нас а сега се на постипломски на повеќе универзитети во Европа или светот, или пак, работат во престижни компании - велат од универзитетот.

Автор
Антонија Поповска-Христов

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).