Денеска на Македонска телевизија гостин во утринската програма беше проф. д-р Александра Стоилковска, декан на Факултетот за менаџмeнт на човечки ресурси. Таа ги запозна гледачите со темата и гостите на претстојниот Меѓународен форум за женско лидерство „Жените пишуваат историја“.
При тоа професорката стави акцент на потребата од развој на емоционалната интелигенција кај жените заради полесна реализација на процесот на лидерство. Потребата од надминување на традиционалните стереотипи ќе придонесат жените да ги заземат лидерсите позиции кои им припаѓаат, рече таа.
За крај на обраќањето се поентираше со потребата од поставување на лидерските позиции на жени кои го заслужуваат тоа, додека мажите како следбеници треба да прифатат да бидат водени од успешните жени-лидери.