Универзитет Скопје учествуваше на 56. Меѓународен саем за туризам во Нови Сад со свој изложбен штанд, на кој беа претставени студиските програми и активностите од областа на туризмот и угостителството.
Во рамките на саемските активности, деканот на Факултетот за туризам, Сашко Граматниковски, оствари официјални средби со покраинскиот секретар за економија и туризам на Војводина, Ненад Иванишевиќ, градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин, директорот на Новосадскиот саем, Слободан Цветковиќ.
На средбите се разговараше за можностите за зајакнување на академската и туристичката соработка, заеднички проекти и унапредување на туристичкото образование.
Учесничкиот настап на Универзитет Скопје беше оценет како исклучително успешен и значаен за промоција на македонскиот туристички потенцијал и за проширување на меѓународните партнерства.
Универзитет Скопје повторно се закити со неколку престижни награди од Новосадскиот саем — признание за континуираниот придонес во унапредувањето на туристичкото знаење и развојот на туризмот во Република Македонија.
Горди сме што трудот, посветеноста и визијата се препознаени!
https://www.utms.edu.mk/vesti/opsti/2726-saem-novi-sad-2025#sigProIdacc1c9890e
