Настанот го отвори Ректорот на Универзитетот и претседател на Здружението, проф. д-р Аце Миленковски, поздравувајќи ги сите учесници и гости и истакнувајќи ја важноста на современата географска настава и научната соработка.
Во рамките на Собранието беа разгледани клучни точки, додека во свечениот дел беа доделени Златни плакети „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ за значаен придонес во развојот на географијата и афирмацијата на Здружението.
Собранието беше заокружено со панел дискусија „Географијата во 21 век наука, образование и глобални трансформации".
Здружението изразува посебна благодарност до УТМС Институтот за национална географија за нивната поддршка, која е клучна за развојот на современата географска наука и образование во Македонија.
https://www.utms.edu.mk/vesti/opsti/2728-zpgm-sobranie-2025#sigProId925cd7c58a
