СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ НА ПРАКСА ВО ПР И МАРКЕТИНГ АГЕНЦИИ

СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ НА ПРАКСА ВО ПР И МАРКЕТИНГ АГЕНЦИИ

Студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, својата пракса ја извршуваат во голем број на маркетинг и ПР агенции.

Праксата е организирана на начин кој предвидува наставната програма се повеќе да се доближува до практиката. За таа цел Факултетот им обезбедува практична работа на студентите, во успешни компании од областа на маркетингот. Со тоа студентите имаат можност своите теоретски знаења кои ги добиваат во наставата, да ги применат во бизнис секторот.

Имено, дел од студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, праксата ја извршуваат во Маркетинг и ПР агенцијата “Honeybiz DOOEL” во Скопје. Во оваа компанија на практичната работа од Факултетот е упатен студентот Огнен Трпковски.

Во оваа успешна институција студентите имаа можност да ја видат практичната примена на маркетингот и организацијата на промотивната кампања на конкретни проекти, меѓу кои и на „Рамстор Мол“, а се разбира и самите со свои идеи и креативност да учествуваат во нив.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).