СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ НА ПРАКСА ВО ЈУ КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР ”АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ”- СКОПЈЕ

СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ НА ПРАКСА ВО ЈУ КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР ”АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ”- СКОПЈЕ

Врз основа на договорот за соработка помеѓу Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент при Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје и ЈУ Конгресен центар ”Александар Македонски”- Скопје, дел од студентите од Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент ја реализираат праксата во оваа институција.

Во маркетинг активностите кои се реализираа, а се поврзани со организацијата на “Скопско културно лето”, оваа година беше ангажиран студентот Роберто Миленков, редовен студент од трета година на Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент.

Настани во кои што беше активен учесник во организација на маркетинг активностите беа – концертот на Круме Андреевски „Пијано стандарди“, потоа изложбата на скулптури на авторот Џелил Руфати, и театарските претстави „Кристофор Колумбо“ и „ Љубовникот“.

Студентите со задоволство и крајно посветено ги реализираат зацртаните активности, кои секојдневно ги регистрираат во студентскиот е-дневник. Менторирањето од страна на вработените во ЈУ Конгресен центар ”Александар Македонски”- Скопје им овозможува на нашите студенти да ги надоградат своите теоретски знаења со вештини и компетенции од секојдневната практика.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).