СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ОД РЕСЕН НА ПРАКСА ВО АД „МАКЕДОНСКА ПОШТА“

СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ОД РЕСЕН НА ПРАКСА ВО АД „МАКЕДОНСКА ПОШТА“

Студентите од Ресен запишани на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, својата практична настава ја изведуваат во АД „Македонска Пошта“, подружница Битола, РЕ Ресен.

Во оваа компанија својата праксата ја изведуваат шест студенти од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, редовни студенти од втора година, кои во оргазанизација работат врз основа на потпишаниот Договор за соработка помеѓу Факултетот за менаџмент на човечки ресурси и АД „Македонска Пошта“.

Со задолжителната пракса студентите стекнуваат дополнителни вештини и компетенции, извршувајќи редовни работни задачи.

Посветеноста и ангажираноста на студентите во вршење на работните задачи се следи од страна на ментор од Универзитетот и ментор од соодветната институција.

Со цел мониторинг на доследното изведување на стручната пракса на студентите, назначен ментор од Факултетот за менаџмент на човечки ресурси е асистентката м-р Маријана Радевска, за додека ментор од страна АД „Македонска Пошта“, подружница Битола, РЕ Ресен е назначен м-р Сеат Али.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).