СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА ПРЕПРИЕМАЧКИ БИЗНИС НА ПРАКСА ВО ВИП „УРБАН ИНЖЕНЕРИНГ“

СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА ПРЕПРИЕМАЧКИ БИЗНИС НА ПРАКСА ВО ВИП „УРБАН ИНЖЕНЕРИНГ“

Врз основа на договорот за соработка помеѓу Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје и ВИП „Урбан Инженеринг“, дел од студентите од Факултетот за претприемачки бизнис ја реализираат праксата во оваа компанија.

Со задолжителната пракса студентите стекнуваат дополнителни вештини и компетенции извршувајќи редовни работни задачи во рамките на секторите во кои се распределени. Посветеноста и ангажираноста на студентите во вршење на работните задачи се следи од страна на ментор од Универзитетот и ментор од соодветната институција.

Во компанијата ВИП „Урбан Инженеринг“, својата пракса ја извршува студентот Драган Поповски, редовен студент од трета година на Факултетот за претприемачки бизнис.

Со цел мониторинг на доследното изведување на стручната пракса на студентите, од Факултетот за претпримачки бизнис, асистентката м-р Мери Ничкова како ментор на студентот од Универзитетот, реализираше посета на студентот во ВИП „Урбан Инженеринг“ и работна средба со назначениот ментор од оваа компанија г-ѓа Снежана Илиевска.

 

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).