АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ИНДОНЕЗИЈА, Н.Е. SRI ASTARI RASJID ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА УТМС

АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ИНДОНЕЗИЈА, Н.Е. SRI ASTARI RASJID ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА УТМС

Делегација од амбасадата на Република Индонезија предводена од Нејзината Екселенција Sri Astari Rasjid оствари работна посета на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. На средбата присуствуваа ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, деканот на факултетот за туризам, Сашко Граматниковски и проф. д-р Зоран Ивановски . На средба се разговараше за продлабочување на соработка во сферата на културната, образованието и туризмот со Република Индонезија. Во текот на средбата се потенцираа заедничките можности за остварување на проекти кои ќе ја зацврстат соработката. Исто така предмет на интерес беше можноста за вмрежување на УТМС со универзитети од Република Индонезија кои како и УТМС имаат TEDQUAL диплома за квалитет и се придружни членки на Светската туристичка организација. За таа цел на маргините од средбата беше договорена посета на делегација од УТМС на Република Индонезија.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).