Г-ѓа Пердомо е почесен доктор на нашиот универзитет и долгогодишен пријател и соработник на нашата академска заедница.
„Туризмот не познава граници, а на Балканот може многу да се направи“, истакна г-ѓа Пердомо при нејзината презентација пред академскиот кадар и студентите на Универзитет Скопје. Таа презентираше неколку идеи за развој на туризмот, низ примерот на некои региони во Шпанија, како на пример винскиот туризам, кој бил успешна приказна.
Туристите се почесто бараат добра и оригинална гастрономија, мирни места и приватност, што отвора можност за целогодишен туризам, а не само во летната сезона, истакна Пердомо.
Таа изрази задоволство што по 13 години е повторно во Македонија и на нашиот универзитет, истакнувајки ги гостопримството, храната, виното и љубезноста на луѓето, како предности на нашата држава.
На разговорите со Ректорот, Проф. д-р Аце Миленковски стана збор за обновување на проектот за спортски и авантуристички туризам во Македонија, за поврзување на туристичките тури со некои од балканските држави, како и за нови видови на соработка.
Инаку, Г-ѓа Пердомо е меѓународно признат експерт во областа на туризмот, поранешна директорка на Програмата за придружни членки на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UN Tourism), како и поранешна вицеминистерка за туризам на Владата на Канарските Острови, со богато меѓународно професионално искуство.
Нејзината посета на Универзитет Скопје и предавањето пред студентите и вработените, претставуваше особена чест и задоволство за нас, што е и доказ за меѓународното реноме на нашиот Универзитет.
https://www.utms.edu.mk/vesti/gosti-predavachi-i-ambasadori/2808-jolanda-perdomo-vo-poseta-na-univerzitet-skopje#sigProId53027be869

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ