НА УТМС СЕ ОДРЖА СВЕЧЕН АКАДЕМСКИ ЧАС СО СТУДЕНТИТЕ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ

НА УТМС СЕ ОДРЖА СВЕЧЕН АКАДЕМСКИ ЧАС СО СТУДЕНТИТЕ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ

На Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, денес, 17.10.2020 година, се одржа свечен академски час, со што беше одбележан почетокот на наставата за студентите запишани на втор циклус студии во академската 2020-2021 година.

Во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, согласно Протоколот за работа во услови на Covid-19 пандемија, на студентите им се обрати раководителот на посдипломски студии и декан на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Александра Стоилковска. Во своето обраќање Раководителот на магистерски студии ги информираше посдипломците за престижната и препознатлива диплома во светски рамки, ја истакна посветеноста на наставниот кадар во реализацијата на квалитетна настава со примена на методологијата на студирање по кредит трансфер системот на Болоњската декларација, потенцирајќи дека универзитетот доследно го спроведува ЕКТС системот на студирање. Во понатамошното излагање, таа истакна дека за време на студирањето студентите ќе се стекнат со компетенции кои ќе им овозможат престижно напредување во професионалните кариери.

Потоа следуваше обраќање на проф. д-р Слободан Ивановиќ кој истакна дека студирањето на посдипломски студии е по највисоки меѓународни стандарди што на студентите ќе им овозможи да се стекнат со применливи знаења кои се потребни за успешно брендирање и позиционирање на пазарот.

По завршувањето на свечениот час студентите од секој факултет имаа одделни средби со деканите на кои им беа врачени Е-идексите и беа информирани за идни активности во академската 2020-2021 година. Исто така студентите беа информирани за online наставата, функционирањето на Е-студент, т.е. екстерниот портал од веб страната наменет за студентите преку кој ги добиваат сите информации во електронска форма, како и функционирањето на Е-библиотека.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај