"Глобално образование и академски партнерства"
На конференцијата што се одржува на Maastricht School of Management (MSM), кој е воедно број еден топ Бизнис факултет во Европа присуствуваат проректорите и од Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, односно Проф. Др. Мијалче Ѓоргиевски проректор за настава, Проф. Др. Зоран Ивановски проректор за меѓународна соработка и Проф. Др. Сашо Кожухаров Проректор за наука и Развој.
Maastricht School of Management е членка на IACBE (Амерички одбор за акредитација на бизнис образованието, од Канзас, САД). Домаќин на конференцијата е Г-ца Каталин Ковач која е продекан и директор на Maastricht School of Management за обезбедување на квалитет на Глобално образовните програми.
На конференцијата беше поздравено присуството на УТМС со надеж дека наскоро ќе станеме членка и ќе го акредитираме Економскиот факултет во САД. Со тоа ќе се добие уште едно признание за квалитетот на високото образование за бизнис на УТМС.
Претставниците на УТМС одржаа состанок со Деканот нa Maastricht School of Management Prof. d-r Wim A.Naude и неговиот тим.
https://www.utms.edu.mk/vesti/opsti/1333-utms-na-konferencija-vo-mastriht#sigProId36073d7128