AFTER WORK ЗАБАВА СО ЗДРАВА ХРАНА НА УТМС И ШЕФ ОГНЕНОВСКИ

AFTER WORK ЗАБАВА СО ЗДРАВА ХРАНА НА УТМС И ШЕФ ОГНЕНОВСКИ

Универзитет за Туризам и Менаџмент од Скопје оваа недела беше дел од националната кампања за здрава исхрана, што се реализира по водство на познатиот шеф и гастроном Влатко Огненовски. Завршетокот на дводневното дружење се случи вчера 21.10.2015 година во Центарот за комуникации и информации на УТМС што се наоѓа на улица “Македонија“, каде студентите, но и сите присутни имаа можност да гледаат во живо како се подготвува здрава храна.

Целта на овој проект е интегрирање на теоретското учење што студентите на УТМС го стекнуваат во текот на наставата со практични проекти. Студентите на УТМС и Шеф Огненовски преку овој проект заеднички испратија порака за поттикнување на примена на здрав начин на исхрана во секојдневниот живот.

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

Newsletter

Пребарај

Почитувани посетители, со цел подобрување на корисничкото искуство, оваа страница користи колачиња (eng. “cookies”).