Денес, 26 февруари, во рамките на Струмичкиот карневал, со свој штанд и презентација присуствуваше и нашиот Универзитет. Посетителите имаа можност да се запознаат со можностите за студирање на УТМС, условите за учење и бенефитите од добивањето меѓународно признаена диплома.
Струмичкиот карневал се одржува во Струмица секоја година и е еден од најзначајните обичаи и традиции од ваков вид во Македонија. Се случува за време на тримерите, односно во првите три дена строг пост на почетокот од големиот Велигденски пост. За карневалот се смета дека има многу долга традиција, а го споменува и познатиот отомански патописецот Евлија Челебија уште во 1670 година.
Од 1994 година, Струмица со Струмичкиот карневал е член на Меѓународната асоцијација на карневалските градови – FECC.
А УТМС е секогаш таму каде што се негува и се слави традицијата!
https://www.utms.edu.mk/vesti/opsti/2191-utms-na-strumichkiot-karneval#sigProId7676003144