По повод Светски ден на здравјето, на Универзитет Скопје се одржа крводарителска акција за вработените и студентите.
Дарувавме крв за оние чии животи зависат од нас. Како општествено одговорна организација, со нашиот пример сакаме да ја поттикнеме солидарноста во нашата земја, да се грижиме еден за друг, зашто само заедно може да создадеме поздрава и посветла иднина за нашите деца и внуци.
Изразуваме јавна благодарност до тимот на ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина на Р. Македонија и Црвениот крст, кои ни овозможија да ја реализираме оваа акција во просториите на нашиот Универзитет.
Да се грижиме еден за друг! Да се грижиме за нашето здравје!
View the embedded image gallery online at:
https://www.utms.edu.mk/vesti/opsti/2289-po-povod-svetski-den-na-zdravjeto-daruvavme-krv-za-onie-chii-zhivoti-zavisat-od-nas#sigProIdc97fe7cfd4
https://www.utms.edu.mk/vesti/opsti/2289-po-povod-svetski-den-na-zdravjeto-daruvavme-krv-za-onie-chii-zhivoti-zavisat-od-nas#sigProIdc97fe7cfd4