Наближува и крајот на нашиот студентски караван за оваа година! Вчера ги посетивме матурантите од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“, последното училиште во Скопје од маршрутата на нашиот тим, а денеска сме веќе во Делчево и Берово. Во Делчево, ги посетивме матурантите од СОУ „Методи Митевски-Брицо“, а во Берово од ОСУ „Ацо Русковски“. На нашите домаќини им ги претставивме условите за студирање на нашиот Универзитет, одличните студиски програми на нашите факултети и професионалниот академски кадар. Разговаравме и за методологијата на студирање кај нас, која обезбедува стекнување применливо знаење, завршување на студиите во рок и меѓународно признаена диплома!
Овој пат, идните академски граѓани, овен за можностите да се вработат со нашиот Универзитет каде било во светот, беа особено заинтересирани и за дигиталните можности за студирање кај нас: можноста дел од наставата да ја следат онлајн, некои од административните обврски да ги завршат преку мобилен, а учебниците да ги симнат од нашата е-библиотека.
Ве очекуваме од октомври и вие да им се придружите на најдобрите! Искористете ја можноста за рани уписи, запишете се во мај и студирајте со попуст од дури 50%!
https://www.utms.edu.mk/vesti/opsti/2439-vchera-vo-skopje-deneska-vo-delchevo-i-vo-berovo#sigProIdc70e5c55c0