Во свечена атмосфера, на 17 јуни со почеток во 18:00 часот, на Универзитет Скопје беше промовирана поетската збирка „Ехо од далечината“ од младата и талентирана поетеса Сара Оручи Мемедовска.
Песните беа интерпретирани од Благојка Филипчева, а низ настанот вешто водеше модераторката Милица Петрушевска. Уредник на изданието е Мишо Китановски, додека како промотор настапи професорот Селим Мерсимовски. Организатор на промоцијата УТМС.
Настанот го збогатија со своето присуство поетот Горјан Петрески, градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, членови на семејството на авторката, како и претставници на повеќе здруженија. Музичкиот дел беше исполнет со настап на групата Хармонија, која внесе дополнителна емоција во вечерта.
„Ехо од далечината“ е искрен поетски глас на новата генерација, кој ветува силно и автентично присуство на современата македонска книжевна сцена.
https://www.utms.edu.mk/vesti/opsti/2683-promovirana-poetskata-zbirka-eho-od-dalechina-od-sara-oruchi-memedovska#sigProId693c20211c
