Студентите од сите студиски програми на Универзитетот „Скопје“, заедно со дел од академскиот кадар, остварија еднодневна студиска посета на Меѓународниот саем за туризам Filoxenia 2025 во Солун, Грција. Посетата претставуваше значајно практично искуство, каде студентите имаа можност да се запознаат со најновите трендови, иновации и професионални стандарди во туристичката индустрија.
Како вовед во практичниот дел од програмата, групата најпрво го посети хотел казиното „Фламинго“ на граничниот премин Богородица. Таму студентите се запознаа со функционирањето, организацијата на работните процеси и стандардите на работа во еден од најуспешните и најпрофитабилни хотели во Македонија.
Специјални гости на овој наставно научен практикум беа учениците и дел од наставниот кадар од Средното угостителско училиште „Лазар Танев“ од Скопје, чија присутност придонесе за дополнителна едукативна вредност и размена на искуства помеѓу средното и високото образование.
https://www.utms.edu.mk/vesti/opsti/2723-studentska-poseta-na-megjunarodniot-saem-za-turizam-filoksenija-2025-vo-solun#sigProId790ffe3679
