Во свечена и исполнета со емоции атмосфера, на Економскиот факултет при Универзитет Скопје успешно беа одбранети дипломските трудови на студентите од насоката Меѓународен маркетинг менаџмент, кои со тоа официјално се стекнаа со звањето дипломиран економист во областа Меѓународен маркетинг менаџмент.
Одбраните претставуваа круна на нивниот академски труд, посветеност и стекнато знаење, а свечениот чин беше проследен со бројни честитки, аплаузи и искрени емоции споделени со семејствата, пријателите и гостите кои присуствуваа на настанот.
Особено признание за своите постигнати резултати добија дел од дипломираните студенти, на кои им беа врачени декански пофалници како потврда за нивниот исклучителен успех и академска извонредност.
Ментор на дипломските трудови беше Проф. д-р Ангела Климовска Миленковска, која со својата стручна поддршка и посветеност го водеше процесот на нивната изработка и успешна одбрана. Во комисијата беа и деканката на Економски факултет, Проф. д-р Далиборка Блажеска и Проф. д-р Наташа Ристовска.
Овој значаен академски момент означува почеток на ново професионално поглавје за дипломираните економисти, кои со стекнатите знаења и компетенции се подготвени успешно да одговорат на предизвиците на современиот меѓународен пазар.
https://www.utms.edu.mk/vesti/opsti/2792-uspeshno-odbraneti-diplomski-trudovi-na-nasokata-megjunaroden-marketing-menadjment#sigProId25c44d4e76

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО ИСТОРИЈАТОТ