Делегација на Универзитет Скопје, на 9 и 10 ноември 2026 година, во Брисел, учествува на Годишниот состанок на Глобалниот туристички форум (Global Tourism Forum), кој ги обедини водечките меѓународни претставници, државни лидери, инвеститори и експерти од туристичката индустрија, со цел да се разгледаат клучните предизвици и можности за идниот развој на светскиот туризам.
Првиот ден од состанокот, по свеченото отворање на форумот, под мотото „Глобално лидерство и инвестиции“, беше посветен на значењето на инвестициите како двигател на туристичкиот развој и јакнењето на довербата во туристичките дестинации. Во фокусот беа глобалните инвестициски перспективи, привлекувањето странски капитал, развојот на хотелската индустрија, инфраструктурното поврзување, одржливите инвестиции и климатската отпорност на туристичките дестинации.
https://www.utms.edu.mk/vesti/opsti/2820-univerzitet-skopje-na-globalniot-turistichki-forum-vo-brisel#sigProId5c317f3c1e
